Регион 05. март 2020. / 09:45

Десетти потврден случај на заразен со новиот корона вирус во Грција

Десетти потврден случај на заразен со новиот корона вирус во Грција

Министерството за здравство на Грција, утрово го потврди 10-от случај на корона вирус во земјата, а станува збор за Гркинка, по близок контакт со лицето кај кое вчера беше потврден Ковид-19, член на туристичката група што патувала во Израел и Египет.

Жената е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана во болницата во грчкиот град Патра.