Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа направени се 1.213 тестови на корона вирус од кои 165 биле позитивни, а забележани се и десет смртни случаи.
Во Федерацијата од 627 тестирани 125 се позитивни,а починаа четворица, додека во Република Српска тестирани се 586 примероци од кои позитивни се 40, а починаа шетмина.
Во федерацијата досега се тестирани 88.577 примероци, а Ковид-19 потврден е кај 7.216 лица, оздравеа 3.601 пациенти, а починаа 168.
Досега во Република Српска потврдени се 5.060 случаи со корона вирус, а оздравеа 2.711 пациенти, додека 182 починаа.