Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани десет нови позитивни случаи на корона вирус, а починало уште едно лица.
Од почетокот на епидемијата во Грција се регистриран 2.591 позитивен случај на Ковид-19, од кои починати се вкупно 140 луѓе.
Според последните официјални податоци соопштени од претставникот за корона вирусот во грчкото Министерство за здравство, Сотирис Циодрас, оздравени се 1.374 луѓе, а анализирани се 75.170 примероци.
Приклучени на апарати се 38 лица, а 74 пациенти бил отпуштен од Одделите за интензивна нега во грчките болници.