Денеска претпладне на белградскиот аеродром ќе слета авион со првиот дел од контингентот вакцини Фајзер, објави српски „Блиц“. Контингентот вклучува 4.800 вакцини.
Агенцијата за лекови на Србија пред четири дена даде согласност за увоз на вакцината Фајзер.
Регулаторите на ЕУ вчера дадоа согласност на користење на вакцината Фајзер и БиоНТек.