Денеска падна владата на премиерката Вјорика Данчила, откако опозицијата побара гласање недоверба.
Од 465 пратеници, 238 гласаа против Социјалдемократската влада. За уривање на владата биле потребни 233 гласови.
Ние ја запревме Социјалдемократската партија да и наштети на Романија, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, кој го водеше гласањето за недоверба.
Ослабени од повлекувањето на нивниот центристички коалициски сојузник, социјалдемократите останаа изолирани во парламентот, откако беа напуштени од унгарската малцинска партија УДМР, која досега ја поддржуваше владата на премиерката Данчила.
Социјалдемократската партија се врати на власт кон крајот на 2016 година, но контроверзната реформа на судскиот систем, остро критикувана од Брисел, брзо доведе до нејзино опаѓање на нејзината популарност.
Десетици илјади Романци со месеци протестираат на улиците во одбрана на владеењето на законот, што сметаа дека е загрозен од оваа реформа.
Заминувам со чиста совест со извршени обврски , рече 55-годишната Данчила.
Резултатите од гласањето со нетрпение ги чекаа во Брисел, каде европратениците разговараа за првиот кандидат на Романија за функцијата романски еворокомесар, а идниот премиер Урсула фон дер Лејен сакаше да почека да види дали Данчила ќе остане на власт за да ја прогласи за нов романски кандидат.