Регион 21. октомври 2020. / 13:45

Дендијас е Албанец и е братучед на Рама, тврди Албански новинар

Дендијас е Албанец и е братучед на Рама, тврди Албански новинар

Во емисијата „Опен“ на Топ чанел телевизија посветена на посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, стана збор и за неговото албанско потекло.

Новинарот Ариан Чани рече дека во селото Вуно кај албанскиот приморски град Валона постарите жители тврдат дека тој потекнува токму од ова село.

Грчкиот министер за надворешни работи Дендијас е Албанец од Вуно. Неговата фамилија претходно се презивала Деде, рече Чани.

Според него постарите жителите уште тврделе дека Дендијас е братучед на премиерот Еди Рама, бидејќи, како што вели, неговата мајка потекнува од селото Вуно.

Исто така беше речено дека веста за албанското потекло на Дендијас циркулирала и во грчките медиуми.