По средбата во Женева со Генералниот секретар на ОН, министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, соопшти дека Гутереш ќе го упати прашањето за договорот меѓу Турција и Либија до правните служби за да ја има нивната перцепција.
Во изјава за грчките новинари, Дендиас изјави дека на Гутереш му ги објаснил ставовите на Атина за двата меморандуми, кои беа потпишани меѓу Турција и владата на Триполи и додава дека за Грција тие се непостоечки затоа што биле потпишани од влада која нема такво овластување.
– Во врска со Либија, генералниот секретар, како што очекувавме, откако внимателно ме слушна, ми рече дека ќе го упати прашањето до правните служби на ООН, така што ќе ја има нивната перцепција – изјави Дендиас.
Според шефот на грчката дипломатија, на средбата со Генералниот секретар на Обединетите нации станало збор и за кипарското прашање, а Дендиас ја изразил подготвеност на грчката страна да помогне на кој било можен начин.