Регион 13. May 2019. / 21:38

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон полицијата

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон полицијата

Антивладините демонстранти во Албанија вечерва излегоа на нови протести, каде фрлаа молотови коктели кон полицијата.

Протестите се случуваат само неколку часа по повикот на САД и ЕУ за воздржување од насилство.

Засега, како што пренесуваат медиумите во регионот, полицијата не возвраќа на нивните напади.

За време на антивладините протести што се случуваа викендов изби насилство помеѓу полицијата и демонстрантите.