Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одговори на обвинувањата од Црна Гора дека нивниот сосед „конфискувал“ три респиратори на Црна Гора, велејќи дека тоа не е точно.
– Ние сме подготвени на Владата на Црна Гора да и поклониме три респиратори. Не мора да платат ниту динар, подготвени сме веднаш да им ги испорачаме. На молба на Андрија Мандиќ (еден од лидерите на прос-српската опозиција во Црна Гора), подготвени сме да дадеме уште по еден респиратор за Пљевља и Бјиело Поле, изјави Вучиќ, потенцијрајќи дека регионот треба да си помага и да мисли еден на друг.
Дел од медиумите во Црна Гора објавија синоќа дека наводно царинската управа на Србија на граничниот премин Дубраково не дозолила да помине пратката со респиратори под изговор дека граничниот премин е привремено затворен поради пандемијата со корона вирус.
Српската царина експресно реагираше негирајќи го ваквите тврдења. Оттаму велат дека респираторите биле порачани од Фондот за здравство на Србија, од страна на српска фирма, која не го исплатила авансот кон Шведска фирма, а биле наменети за донација за болница во Црна Гора.