Јелена Ш. (25) е уапсена заради сомневање дека ја убила Мајда Гаровиќ (81) од Земун, а потоа со соучесникот Момчило Д. (21), кој исто така е уапсен, нејзиното тело го однела до Крчедин, го фрлила во контејнер и го запалила.
Како што неофицијално дознава Курир.рс, при истрагата наводно е откриено дека убиецот ја познавал жртвата односно дека биле соседки, а дека помагач и бил брат и. Се претпоставува дека убијците на несреќната жена се деца на еден политичар од десницата, односно Саша Дујовиќ, поранешен пратеник и втор човек на партијата „Српска десница“.
Полицијата работи на случајот и се очекува повеќе детали за бруталното убиство да бидат познати по истрагата.