Регион 23. август 2018. / 11:06

Дачиќ за власта во Косово: Тие се заостанати во времето – го слават роденденот на Клинтон

Дачиќ за власта во Косово: Тие се заостанати во времето – го слават роденденот на Клинтон

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, по барањето на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, за почеток на обележување на границата меѓу Косово и Србија, рече дека меѓу Косово и централна Србија не постои граница, туку административна линија, па затоа до демаркација воопшто и не може да дојде.

– Тоа е театар за дома, заостанати се во времето. Не ги навредувам, бидејќи тие не ги следат случувањата во светот. Тие го одбележуваат роденденот на Клинтон, а големи промени се случуваа во меѓународната политика. Косово е фикција, која не постои во реалната меѓународна политика, наведе Дачиќ.