Регион 22. август 2019. / 22:33

Дачиќ за поканата на Косово во Хелсинки: Тоа се игри кои носат само политичка штета

Дачиќ за поканата на Косово во Хелсинки: Тоа се игри кои носат само политичка штета

Српскиот министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ смета дека Могерини со поканата до Приштина да учествува на собирот во Хелсинки на кој се поканети земјите кандидати за членство во ЕУ се обидува да направи преседан кој Белград би морал да го прифати, а што, како што истакна, секако нема да се случи.

Могерини за прв пат, на крајот на својот мандат, ја промени праксата и ја покани Приштина на самитот, потсети Дачиќ, и додаде дека поради Приштина го сменила форматот на одржување на собирот и кажала дека ги поканила и „партнерите“.

Во формална смисла тоа нема да го наруши нашиот принципиелен став, бидејќи ќе бидат истакнати само името и презимето на учесниците без државни обележја. Но, суштински гледано тоа беше сосема непотребно, бидејќи има многу состаноци на кои Косово учествува и не треба да биде на место до кое со својот развој не стигнало – кажа Дачиќ.

Дачиќ смета дека Могерини ја поканила Приштина за тие да не кажат дека ништо не направила за нив.

И ете, ги покани. Досега ги канеше на ручекот, а сега на формалниот состанок, но менувајќи го називот дека не се кандидати туку партнери – кажа Дачиќ.

Toj додаде дека сето тоа се сепак игри кои не носат никаква корист, туку само политичка штета.