Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека на Србија и се пружа историска можност да добие нешто за својот народ и граѓаните на Косово.
“Овде станува збор за тоа дали сакаме нешто да добиеме или се ќе изгубиме”, рече Дачиќ за РТС и додаде дека таа можност може и да се одбие, но дека “не треба да се правиме невешти бидејќи никој не нуди Косово да остане цело во границите на Србија”.
Тој наведе дека допрва ќе се води дијалог помеѓу Белград и Приштина и ќе се изнесе можно решение.
На прашањето дали знае за што разговарале американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел за Западен Балкан, Дачиќ одговори дека тешко е да се разговара за тој регион, без да се спомене Косово.
“Тоа стана тема за која повторно се зборува и тоа е еден од најдобрите докази колку сме успеале да ја промениме зацементираната позиција на западните земји, бидејќи тоа не била тема за која се дискутирало во претходниот период, бидејќи западните земји сметале дека тоа прашање е решено”, изјави Дачиќ