Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во Виена денеска изјави дека е премногу рано се каже дали воопшто ќе се постигне компромисно решение помеѓу Белград и Приштина.
Пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Виена, каде што се присутни претставници на земјите кандидати, Дачиќ рече дека Србија е посветена на тоа да се постигне компромисно решение меѓу Белград и Приштина.
– Сепак, многу е рано да се разговара кога ќе биде ова и дали воопшто ќе дојде до компромисно решение бидејќи не сум сигурен дека и другата страна го сака ова, истакна Дачиќ.
Тој додаде дека компромисот е во најдобар интерес на српскиот и на албанскиот народ.