Регион 07. декември 2018. / 12:55

Дачиќ радосен: Уште една држава ја повлече одлуката за признавање на независноста на Косово

Дачиќ радосен: Уште една држава ја повлече одлуката за признавање на независноста на Косово

Република Мадагаскар го извести српското МНР дека ја повлече одлуката за признавање на Косово.

-Добивме нота од МНР на Мадагаскар, со која не извести дека на 5 декември Република Мадагаскар ја донесе одлуката за повлекување на признавањето на Косово. – рече првиот потпретседател на српската влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ за Танјуг.

Дачиќ во оваа прилика повтори дека Мадагаскар е дванаесеттата земја која го повлече признавањето на Косово за независна држава.