Претседателот на собранието на Србија, Ивица Дачиќ кажа дека нелегалното прислушување на српскиот претседател Александар Вучиќ е голем скандал и тешко кривично дело, и истакна дека истрагата ќе ги покаже причинско-последичните врски.
– Не ги знам деталите на истрагата, но мислам дека ова е остварување на она за што зборуваше Вучиќ – дека за нашата земја приоритет е борбата против организираниот криминал, покрај заштитата на здравјето и економскиот напредок, кажа Дачиќ.
Шефот на српското собрание кажа дека истрагата која ја води министерството за внатрешни работи треба да доведе до причинско-последичните врски, истакнувајќи дека нелегалното прислушување на српскиот претседател е незабележан случај.