Министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ реагираше на изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека патот на Србија кон ЕУ оди преку Загреб и решавањето на отворените прашања.
Дачиќ изјави дека Европската Унија нема да дозволи нерешените билатерални проблеми да бидат пречка за влегување во Унијата, како што Хрватска и Словенија се дел од таа унија иако не го решиле спорот околу границата.
„Како што знаете патот кон ЕУ не мора да води само преку Хрватска. Може да оди и преку Унгарија, може и преку Романија, Грција. Ова е доделување сам на себе поголемо значење отколку што е реално“, им кажа Дачиќ на новинарите во Белград.
Дачиќ додаде дека смислата на изјавата на Пленковиќ е тоа дека Хрватска ќе одреди дали Србија ќе влезе во ЕУ или не.
„Хрватска е дел од ЕУ, но секако Брисел нема да дозволи нерешените билатерални проблеми да бидат пречка за влез на некои други земји. Кога Хрватска влезе во ЕУ преку Словенија, а не го решија граничниот спор, што има тука ние да зборуваме“, кажа Дачиќ.
Тој ги повика „браќата Хрвати“ да се фокусираат на иднината, бидејќи и „оние кои многу повеќе се убивале нашле некаков заеднички јазик“.