Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави денес дека иницијативата на босанската партија СДА за промена на името на Република Српска не може да успее, бидејќи е во спротивност со уставот на БиХ.
Тој додаде и дека иницијативата е спротивна и на Дејтонскиот договор, а сето тоа претставува продолжување на деструктивната и антисрпска политика.
Ме чуди што не бараат и Србија да го смени името, кажа Дачиќ.