Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја оцени како хушкачка и срамна изјавата на советничката во амбасадата на Црна Гора во Анкара, Мирна Никчевиќ, која на Фејсбук напиша дека би го запалила Храмот на Христовото воскресение во Подгорица и „сите говеда таму“.
Дачиќ смета дека Никчевиќ треба да биде санкционирана.
– Оваа изјава е хушкачка, непримерна и оној што може јавно да каже вакво нешто во 21 век треба да добие соодветна казна. Да кажеше некој дипломат од Србија дека би палел Црногорци или кого било друг, веднаш ќе рипнеа разни организации и ќе го осудеа тоа. – кажа Дачиќ.
Според него, српските дипломати никогаш не би изговориле нешто такво или во спротивно не би ја продолжиле кариерата во дипломатијата.
– Србија е слободна земја во која постои слобода на собирање и ваквите закани многу кажуваат и за земјата од каде што е дипломатот. – заклучи Дачиќ.