Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, утре во 11 часот ќе ја прими руската вакцина „Спутник V“ во Институтот „Торлак“, дознаваат српските медиуми.
Освен Дачиќ, вакцините ќе ги добијат и Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија и директорката на Институтот за биоциди и медицинска екологија, Драгана Деспот.
Половина милион дози од руската вакцина „Спутник V“ ќе пристигнат во Србија до крајот на овој месец.
Тоа е сумата за вакцинирање на 250.000 лица, што е доволно за да започне масовната вакцинација против Ковид-19, со веќе договорената динамика на испорака на вакцините од „Фајзер и Бионтек“.
Премиерката Ана Брнабиќ и епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ веќе ја примија вакцината Фајзер.