Регион 18. јули 2020. / 13:19

Д-р Виолета Михајловиќ Вучининиќ: Ковид 19 се појави во целосно ново лице, што е многу посурово отколку што беше во пролетта

Д-р Виолета Михајловиќ Вучининиќ: Ковид 19 се појави во целосно ново лице, што е многу посурово отколку што беше во пролетта

Проф. Д-р Виолета Михајловиќ Вучининиќ, директор на Клиниката за пулмологија КЦС, рече утрово дека лекарите се целосно изненадени од однесувањето на ковид – 19, бидејќи респираторните вируси никогаш не се летни – активни се во есен и зима.

Како што рече таа, ковид 19 се појави во целосно ново лице, што е многу посурово отколку што беше во пролетта.

Не познавам блиска личност во мојата околина која не е заразена, болна. Старосната граница е помала, а практично луѓето кои се разболуваат веднаш се хоспитализираат поради тешка пневмонија. Бројот на лица на респиратор е постојано во три цифри и тоа се многу тешки форми на ковида 19 во оваа појава на епидемијата – рече д-р Михајловиќ Вучининиќ.

На пролет многу лиѓе имаа лесна клиничка слика.

Овојпат вирусот е толку непредвидлив. Кај луѓето се појавува температура и наизглед таа е во ред, после 4-5 дена се појавва пневмонија. Повторно драстичен скок на температурата, сува кашлица од која не може да се дише, малксаност.. Штом се појават овие симптоми тоа е знак дека пациентот е во опасност. Нивното оздравување трае подолго, а се почесто се разболуаат и млади- објаснила таа.

Попуштање на функцијата на белите дробови доведува до механичка вентилација. И има свои режими, не мора секогаш да биде во инвазивна варијанта, но тоа го одлучуваат лекарите на лице место. Покрај тоа, кога пациентот ќе го достигне респираторот, тоа е системско разложување на целиот имунолошки и метаболички систем во организмот. Потребна им е поддршка од електролити, течност, тоа е дисбаланс за целиот систем, наведува докторката.

Од друга страна ниту пациентите кои прележале коронавирус не се целосно заштитени.

Тие имаат последици врз нивните бели дробови. Останува нарушувања на функцијата на белите дробови, намалувањето на дифузниот капацитет. После пет месеци борба против вирусот се уште знаеме многу малку за него. Дојде во мутирана форма, не е вирус од пролетта, ова е многу сурово и поинтензивно. Имаме официјални упатства за третман, но светот не знае како да се справи со оваа чума. Вакцината веројатно ќе може да ја излечи, но не е познато кога ќе дојде.

Како што рече таа, Клиниката за пулмологија овојпат не е ковиден центар, но тие имаат простории за изолација.