Дваесет и девет припадници на Армијата на Црна Гора ќе бидат испратени во НАТО-мисија во Авганистан, објави црногорското Министерство за одбрана.
Од 2014 година, црногорските војници се ангажирани во мисијата „Резолут супорт“, која има повеќе од 10.000 војници.
Црногорскиот контингент се состои од пешадиска единица која се ангажира во задачите за заштита на сојузничките тимови за обука и советување на националните безбедносни сили на Авганистан, штабни офицери и подофицери.
Црна Гора минатата година стана членка на НАТО.