Регион 13. февруари 2020. / 21:16

Црногорскиот премиер и СПЦ утре ќе разговараат околу Законот за слобода на вероисповед

Црногорскиот премиер и СПЦ утре ќе разговараат околу Законот за слобода на вероисповед

Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ и митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохие ќе разговараат во петок, 14-ти февруари, соопшти Владата на Црна Гора.

Ова е прв состанок на иницијатива на премиерот по повод Законот за слобода на вероисповед и правната положба на верските заедници по стапување на законот на сила.

Марковиќ кон крајот на јануари упати повик за дијалог со Амфилохие.

– Време е и прилика уште посилно да се посветиме на слогата, заедништво и градење доверба, а посебно внатре во православната заедница, како најбројна. Владата оваа прилика ја гледа и препознава и ќе биде силно посветена. Подготвени сме уште еднаш заеднички да ги согледаме најдобрите решенија за примена на членовите 62-64 од Законот, како и преку дијалог и можен консензус, да ги отстраниме сите дилеми и сомнежи околу користењето на црквите, храмовите и манастирите, односно нивната намена во иднина,пишуваше во писмот кое Маркович тогаш го испрати до Анфилохие.

Законот за слобода на вероисповед предизвика судири меѓу граѓаните и полицијата во Црна Гора, но и земјите во регионот.