Регион 30. август 2018. / 13:49

Црногорците го градат највисокиот мост во поранешна Југославија (ФОТО)

Црногорците го градат највисокиот мост во поранешна Југославија  (ФОТО)

Србија и Црна Гора ќе ги поврзува автопатот со граничен премин кај Бољаре. Но Црногорците не застануваат тука, туку прават дел од автопатот до Бар.

На овој дел ќе биде највисокиот мост на тлото на поранешна Југославија со столбови со височина од 160 метри и опсег од дното на брегот на реката Морачица до горната точка на мостот од 202 метри.