Регион 30. август 2020. / 11:46

Црна Гора на избори: Излезноста скоро двoјно повисока од претходните

Црна Гора на избори: Излезноста скоро двoјно повисока од претходните

Во Црна Гора денеска се одржуваат парламентарни избори на кои учествуваат шест коалиции и пет политички партии.

Локалните избори се одржуваат во Будва, Котор, Тиват, Андријевиќ и Гусиње.

Според податоците кои се досега достапни, до 11 часот, гласале 34,9 проценти од избирачите, односно 188.500 граѓани со право на глас.

Тоа е за 14.5 проценти повеќе отколку на парламентарните избори во 2016 кога до 11 часот гласале 20,4 проценти од избирачите, се наведува на профилот на Твитер на ЦДТ.