Регион 21. ноември 2020. / 20:34

Цистерна полна со амонијак се преврте во предградие на Белград

Цистерна полна со амонијак се преврте во предградие на Белград
фото: илустрација

Товарен воз кој превезувал амонијак излета од шините во Ресник, предградие на Белград, вечерва околу 19 часот.

Според пишувањето на српски Блиц, амонијакот во вагон-цистерните не истекол и нема опасност по околоината.

На местото на настанот се наоѓаат припадници на Секотрот за вонредни работи и велат дека нема место за паника.

Причините за излетувањето на товарниот воз засега се непознати.