Регион 31. јули 2018. / 11:52

„Ципрас, ти си виновен за смртта на 90 лица“ – поднел тужба против премиерот, министрите и сите државници

„Ципрас, ти си виновен за смртта на 90 лица“ – поднел тужба против премиерот, министрите и сите државници

Поранешен морнарички официр Панајотис Стаматис го тужи грчкиот премиер, министерот и сите државници за криминални активности, убиство и занемарување на должноста.

Грчките власти потврдија дека во пожарите минатата недела кои ја погодија Атина загина 91. лице, но уште 25 се водат како исчезнати, па бројката би можела да се зголеми.

-Поднесувам тужба против сите одговорни, вклучувајќи го и премиерот, министерот, избраните државници во Атика. Барам против нив да се покренат обвиненија за криминални активности, вклучувајќи и убиство за предизвикување општа опасност и занемарување на должноста. Ниту еден од државниците не направи нешто за да ги евакуира запалените населби, додека странските амбасади на своите дравјани испратија мејлови за да ги известат за пожарот – наведува Стаматис.