Грчкиот парламент со 151 глас „за“ изгласа доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас.
Освен 145-те пратенбици на СИРИЗА, вечерва, за владата гласаа и шест партеници, двајца од Независни Грци и четворица независни пратеници, меѓу кои се најдоа и исклучените пратеници од Независни Грци и еден од партијата Река, пренесе Телма.
Претседателот на грчкот Собрание најави дека до петок во собраниска процедура ќе влезе Договорот од Преспа за кој грчките пратеници за ратификација ќе гласаат по дводневна дебата. Според информациитена Телма од дипломатски извори гласањето за Договорот во грчкиот парламент би се случило в понеделник или вторник.
Ципрас во своето обраќање пред пратениците вечерва рече дека свенсно предизвикал гласање за доверба,
-Со целосна свесност за историскиот момент, предизвикав гласањето за доверба. Го презедов ризикот, имам политичка храброст да побарам јасни решенија од мојот претходен владин партнер и од Собранието како целина. Сите знаете дека имав можност, врз основа на Уставот, да не барам гласање за доверба…Тоа ќе беше лесен избор за мене, но јас го презедов ризикот. -подвлече Ципрас.
Тој притоа рече дека никој не може да го обвинува изминатите години дека немал храброст, во критички моменти да преземе одговорност.
Тој упати критика до лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис за театралснот и високи тонови за време на неговиот говор, но и му порача дека пратениците не се војници и дека тие работата врз база на својата свест кога се работи за критички прашања, алудирајќи на пратениците кои решија да не го послушаат неговиот довчерашен коалициски партнер Панос Каменсо од Независни Грци и да ја напуштата владата, но и за други пратеници од други парламентарни групи кои решија да гласаат џа доверба на владата.
Пред Ципрас на пратениците им се обрати Мицотакис кој ги нападна пратениците од редовите на Независни грци кои се изјаснија дека ќе дадат поддршка на владата.
-Министрите што доаѓаат од АНЕЛ ќе останат на своите места, а другите членови на АНЕЛ ќе гласаат за премиерот Ципрас, но да се изјаснат дека не гласаат за Преспа, со што не се согласуваат со централниот избор на владата. Четворица од шест члена кои изразија намера да ја поддржат владата, тројца министри: дури и не зборуваат за да го оправдаат нивниот глас. Двајца се во Кина, а другите двајца се прават кинези. Уставот никогаш не бил толку извалкан, што го направивте без преседан. – рече Кирјакос Мицотакис, лидер на Нова демократија.
Мицотакис притоа зворуваше за “цигански политичари” кои “го заборавија она што го рекоа”.
Вечерва се обрати и Камено кој рече дека галсањето за доверба на е поради погрешното водење на премиерот до постигнување на Договорот од Преспа.
-Увереноста која ние ја имавме беше дека ова прашање ќе дојде по изборите, но тоа се смени во ноември и тогаш беше одлучено да биде март, така што ние имавме промена на однесувањето на владиниот парнер двапати. – рече Панос Каменсо, лидер на Независни Грци.
Очекувањата во грчката јавност се дека Ципрас ќе добие тесна доверба за владата во парламентот.