Регион

Ципрас потпишува нов договор во четврток, со Еди Рама

Ципрас потпишува нов договор во четврток, со Еди Рама

Во текстот на спогодбата како што пренесуваат некои грчки медиуми, се регулира прашањето на морската граница меѓу двете држави, опфатено е и укинувањето на законот за воена состојба на дел од заедничката граница, како и правата на грчкото малцинство во Албанија.  Но, според албанските медиуми, нема ништо за протераните Албанци од северниот дел на Грција за кои грчките претставници секогаш изјавуваат дека тоа прашање за нив не постои.

„Инвестиравме за да се создадат стратешки долгорочни односи со Грција. Тоа не беше толку лесно бидејќи во текот на преговорите имаше големи тензии, но не поради тоа што не сакавме да ги расипеме односите со Грција, туку да ги поправиме сите односи што беа создадени по промената на системот, за на крајот сè да излезе на добар пат“, Еди Рама.

Според детали кои ги објавуваат грчките медиуми, Албанија на Грција ќе и одстапи 12 милји од своите територијални води на Јонско Море, на чие дно се проценува дека има големи резерви на нафта и гас, а Грција пак ќе го поништи законот за војна со Албанија донесен пред околу седумдесетина години.

Поранешниот албански премиер Сали Бериша предвидува драматични настани во регионот ако актуелниот премиер Еди Рама ја потпише спогодбата со Грција за новите граници. Во интервју за тиранската телевизија „Клан“, Бериша изјавил дека ако Рама ја потпише спогодбата тоа може да доведе до балканска војна.