„Денеска е нов историски ден за нашата татковина. Меморандумите со мерки за штедење, со рецесија и социјален пустош конечно завршија, а нашата земја, го враќа правото сама да си ја одредува судбината и нејзината иднина, како нормална европска земја,“ рече грчкиот премиер во неговото обраќање од грчкиот остров Итака по повод завршувањето на последната 3-годишна финансиска помош за Грција.
Обраќањето на Ципрас до јавноста беше полно со симболика, поврзувајќи ја актуелната ситуација во Грција и она што земјата го помина во изминатите осум години на финансиската криза со патешествието на „Одисеја“ од Хомер за да стигне до неговата родна Итака.
„Од денес, со визија и одлучност започнуваме нова ера за нашата татковина со претпазливост и одговорност, за никогаш да не се вратиме назад кон Грција со дефицити и банкрот“ – поарача Ципрас.