Дури и оние кои сега добронамерно се противат, за 10 или помалку години ќе го сфатат значењето на Договорот од Преспа за Грција, рече грчкиот премиер, вели грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Константинос Мицотакис велеше дека за 10 години ова прашање ќе го заборавиме. Јас денес со сигурност можам да ви кажам дека ќе го помниме засекогаш и дека за 10 години, па дури и помалку, дури и оние кои денес, добронамерно не се согласуваат, ќе ја сфатат големата историска вредност и важност на договорот за Грција“, изјавил Ципрас во интервју за грчката телевизија „Антена“.
Ципрас, како пренесува МИА од Атина, во делот посветен на Договорот од Преспа, говорел и за политичката цена, објаснувајќи дека воопшто не размислувал на тоа кога му се дала можноста да се реши спорот со името, напротив, вели дека имал среќа што ја добил можноста и додада дека Грција и Северна Македонија се природни сојузници.
Навистина, за критичните национални прашања моите претходници размислуваа за политичката цена? Јас во ниту еден момент не помислив на тоа во големите и критични моменти за време на мојот четиригодишен мандат, рече Ципрас.
Според него, со Договорот од Преспа се решава спор што беше пречка со земјата на северната граница, која ѝ го имаше свртено грбот на Грција, која ќе беше и е нејзиниот природен сојузник, што сега на Грците им овозможува да имаат економска активност таму, „тие да се нашите основни стратешки партнери“.
Авионите на нашето воено воздухопловство, наместо турските Ф16, да се оние кои го надгледуваат нивниот воздушен простор. Овие се големите можности на договорот што е од национално значење и со патриотски вредности, што имав среќа, бидејќи ми беше дадена можност, да го направам. Ако другите премиери ја имаат оваа можност, ќе го стореа тоа, објаснува Ципрас.
На коментарот од новинарот дека многумина сметаат дека исто како и во 2015 година, така и за Договорот од Преспа, владата требала да го праша народот, Алексис Ципрас одговара со прашањето: „Ќе одржиме ние референдум за тоа како ќе се викаат нашите соседи?“.