Лидерот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, за време на расправа во грчкиот Парламент, упати критики до Владата во однос на малиот број направени тестови за Ковид-19. и коментирајќи дека Грција е на претпоследното место во ЕУ во таа статистика.
Не знаевте, не Ве известија научниците дека ако за време на карантинот беше доволно да се тестираат само пациенти со симптоми, во никој случај ова не е доволно во следната фаза, во фазата на постепено укинување на мерките? Резултатот на оваа невнимателност или намерност, не знам која од овие две работи е точна, резултатот е нашата земја денес да се наоѓа на последните места по бројот на тестови, меѓу сите земји од Европската унија. Единствена земја што е зад нас е соседна Бугарија. И резултат на резултатот е да се движиме на слепо, со врзани очи. Да излегуваме од дома и да чекориме на слепо, рече Ципрас
Поранешниот грчки премиер упати критики до Владата во однос на начинот на кој се справи со економските последици од пандемијата, велејќи дека рецесијата што ќе следи ќе „го има потписот и печатот на Кирјакос Мицотакис“.
Ципрас упати критики и за одуката да се отворат средните училишта бидејќи тоа било непотребен ризик.