Регион 02. ноември 2020. / 12:43

Четвртина позитивни од тестираните во Словенија

Четвртина позитивни од тестираните во Словенија

Словенечките медиуми јавуваат дека во последните 24 часа се регистрирани 557 нови случаи на заразени со Ковид-19.

Бројот на направени тестирања во минатото деноноќие е 2244, што значи дека точниот процент на позитивни тестови е 24,82 проценти. Намалениот број на позитивни тестови најмногу се должи на намалениот обем на тестирање, како што е случај во повеќе земји.

Строгите рестриктивни мерки остануваат на сила и понатаму, меѓу кои се ограничувањето на движење во одредени области, забраната за напуштање на домовите во текот на ноќта, затворање на сите видови услуги и трговија кои не вклучуваат основни потреби, носење маски на отворено и ред други мерки донесени од здравствените авторитети.