Регион 15. април 2020. / 21:21

Четврти ден по ред опаѓа бројот на новозаболени од корона вирусот во Грција

Четврти ден по ред опаѓа бројот на новозаболени од корона вирусот во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 22 нови случаи на Ковид-19, со што веќе четврти ден по ред се намалува бројот на заразени лица, откако вчера беа соопштени 25 новозаразени, наспроти 31 завчера и 33 во неделата, а вкупниот број денеска изнесува 2.192 случаи.

Паралелно, бројот на жртви од Ковид-19 се зголеми на 102 лица, откако почина уште едно лице.

Приклучени на апарати се 72 лица, а досега, во Грција, анализирани се 50.771 примероци.

На денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, освен што беа соопштени последните податоци, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас и заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се осврнаа и на рестриктивните мерки, за кои рекоа дека регуларно се во сила до 27 април, а нивното олабавување ќе биде постепено.