Регион 25. март 2020. / 09:26

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија, а трет смртен случај во БиХ

Четврта жртва на Ковид-19 во Србија, а трет смртен случај во БиХ

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар денеска изјави дека 65-годишна жена од Ниш починала од последици од новиот коронавирус. Тој додаде дека таа е четврта жртва од Ковид-19 во Србија.

– Таа беше нерегулиран дијабетичар и беше на респиратор од 21 март. Лекарите направија се, но не успеаја да и помогнат, посочи Лончар.

Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да останат во своите домови. Лончар истакна и дека досега на респиратори се 21 човек, а двете заразени бебиња се во добра здраствена состојба.

Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус во Босна и Херцеговина се зголеми на три.

Директорката на Клиничкиот центар во Сараево Себија Изетбеговиќ објасни дека во Сараево се потврдени упте два случаја на заразени со вирусот и дека едно лице починало.

Станува збор за стара жена која премолчела дека била во контакт со ќерката која била во Италија.Жената починала во Здравствениот дом во Илиџа, а на коронавирус е тестирана по смртта.

Вториот заразен е маж од општината Илиџа. Во БиХ има досега 166 лица заразени со Ковид-19.

Црногорскиот Институт за јавно здравје, соопшти денеска дека коронавирус е потврден кај уште пет лица во таа држава. Досега има 52 лица инфицирани со тој вирус. Под санитарен надзор се 5.972 лица.