Регион 15. март 2020. / 14:16

Четврта жртва на коронавирусот во Грција

Четврта жртва на коронавирусот во Грција

Бројот на жртвите од Ковид-19 во Грција се искачи на четири лица, откако рано утрово, 53-годишен маж почина во болницата во Солун.

Според грчките медиуми, станува збор за лице кое работело во болницата во градот Касториа (Костур), во микробиолошката лабораторија и имал здравствени проблем.

Во понеделникот бил примен во болницата во Козани, во вторникот здравствената состојба се влошила, бил приклучен на апарати и со тешка пневмонија префрлан во болницата АХЕПА во Солун, каде што рано утрово почина.

Вчера беа потврдени два смртни случаи на коронавирусот во Грција, една лице на Закинтос и еден во градот Птолемаида, додека пак првата жртва беше потврдена во четвртокот во градот Патра.

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција, заклучно со вчера попладне е 228 лица, од кои 57 се хоспитализирани.