Србија досега има евидентирано 9362 заразени лица со коронавирус, 189 починати и 1426 излечени граѓани.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5086 лица, од кои позитивни на вирусот се 157 граѓани, што процентуално инесува 3,03 отсто, изјави на владината прес-конференција на кризниот штаб, епидемиологот Ивана Милошевиќ.
Вкупно во Србија досега се тестирани 96.637 граѓанин од кои кај 9362 е потврден случајот на зараза со вирусот, а излечени се 1426 пациенти.
Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2286 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 57 лица.
Од вирусот во изминатите 24 часа починати се четири лица, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 189 лица од кои 116 се мажи и 73 жени, со вкупна смртност од 2,02 отсто.
Како што оцени Милошевиќ, процентот од 3,03 отсто на новозаболени и зголемувањето на излечените пациенти охрабува, порачувајќи им на граѓаните и понатаму да се придржуваат на владините мерки.
Србија полека излегува од епидемијата и ова е првиот викенд без целодневен полицијски час, кој ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до недела во 5 часот.
Продавниците и супермаркетите денес и утре ќе бидат отворени до 17 часот, а пазарите од 7 до 15 часот.
На граѓаните над 65 години дозволено им е да шетаат еднаш дневно на еден час по 18 часот.