Регион 04. јануари 2021. / 22:43

Четири лица во Бугарија пријавиле несакани ефекти по примената вакцина

Четири лица во Бугарија пријавиле несакани ефекти по примената вакцина

Четворица бугарски државјани појавиле лесни до умерени нуспојави по вакцинацијата со доза од Фајзер/Бионтек, соопшти денеска директорот на бугарската Агенција за лекови, Богдан Кирилов.

Вакцинацијата кај нашиот источен сосед почна на 27 декември. Досега вакциниранс е речиси 5.000 луѓе.

-Несаканите ефекти се движат од лесни до умерени. Луѓето кои имаа несакани ефекти се опоравија, нагласи Кирилов.

Според него, несаканите ефекти вклучуваат два случаи на болка, еден случај на вртоглавица и повишена температурата.

Бугарија денеска ја доби втората испорака на вакцината од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ од 25.000 дози.