Регион 11. јануари 2019. / 14:06

Чекаат Заев да се договори со Беса: Ципрас и Каменос го откажаа состанокот

Чекаат Заев да се договори со Беса: Ципрас и Каменос го откажаа состанокот

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, чија партија „Независни Грци“ е коалициски партнер во грчката влада, изјави дека состанокот со премиерот Алексис Ципрас, закажан за денеска е откажан, пренесува Катимерини.

На средбата требаше да се разговара за иднината на владината коалиција, која што последниве денови стана се понеизвесна откако се очекуваше пренесувањето на Преспанскиот договор од Македонија во грчкиот парламент.

Според зборовите на Каменос, откажувањето на состанокот со Циправ влијаело одложувањето на финалното гласање на уставните измени во македонското Собрание.

-Решивме да го одложиме состанокот со премиерот додека не се решат компликациите во ФИРОМ – изјави Каменос.

Каменос додал дека има постојана комуникација со Ципрас, но оти разговорите не би можеле да продолжат само врз основа на возможни „сценарија“.