Регион 10. јануари 2021. / 22:57

Чедомир Јовановиќ има пневмонија, негативен е на Ковид-19

Чедомир Јовановиќ има пневмонија, негативен е на Ковид-19

Лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, има пневмонија, а по тестирањето утврдено е дека тој е негативен за коронавирус.

Според Блиц, пневмонијата на Јовановиќ била придружена со силна болка во градите и стомакот, што, како што рекоа во ЛДП, најверојатно било поврзано со тешката форма на корoнавирус којшто го имал во јули. Јовановиќ има постојан покачен притисок. Сè уште не е познато што предизвикува толку силна болка кај него и се следи неговата состојба.

Од ЛДП велат дека пневмонијата се проширила во дијафрагмата.