Регион 06. јули 2020. / 13:51

Чеда Јовановиќ се огласи од Инфективна: Кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен

Чеда Јовановиќ се огласи од Инфективна: Кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен

Контроверзниот српски политичар Чедомир Јовановиќ се огласи преку твитер од Инфективната клиника во Белград каде неколку денови се лекува од корон авирус.

Уморен сум, го прекинавме ширењето на пневмонија за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно, кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок – напиша Јовановиќ.