Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, кој допатува во Брисел за заседанието на Советот на ЕУ за надворешни работи порача дека Турцја има потреба од НАТО и навистина верува во иднината на Алијансата.
Чавушоглу додаде дека воениот сојуз е неопходен за зачувување на заедничките вредности, мирот и стабилноста.
Турскиот министер, заедно со своите европски колеги во Брисел ќе реферира за активностите на Турција во Сирија и крај островот Кипар.
Пред еден месец, ЕУ одлучи да и наметне санкции на Турција поради нејзините истражувања на резерви од гас во источното Средоземје.
Во последните неколку часа САД повторно ја предупредија Анкара дека е можно да воведе дополнителни санкции заради разместувањето руски противракетни системи на турска територија.