Регион 12. јули 2018. / 10:51

Церар: Имам овластување да поднесам тужба против Хрватска

Церар: Имам овластување да поднесам тужба против Хрватска

Словенечкиот премиер Миро Церар денеска изјави дека неговата техничка влада ги има сите овластувања да поднесе тужба против Хрватска поради непочитување на арбитражната пресуда за границата.

„Не гледам причина зошто оваа влада не би можела да поднесе тужба против Хрватска поради непочитување на европското право, бидејќи сеуште има мандат за вршење на технички работи“, изјавил Церар.

Церар на почетокот на неделата изјавил дека одлуката за тужбата најверојатно ќе биде донесена на редовната седница на владата во петок.