Регион 20. декември 2018. / 11:21

Бусек: Западен Балкан итно да влезе во ЕУ – ни јужна Италија не е зрела, па е во Унијата

Бусек: Западен Балкан итно да влезе во ЕУ – ни јужна Италија не е зрела, па е во Унијата

Итни промени во стратегијата на ЕУ кон земјите од Западен Балкан бара поранешниот австриски заменик-канцелар Ерхард Бусек.

Бусек на синоќешната дискусија на тема „Европа и ти: биланс од австриското претседателство и перспективите на изборите за Европскиот парламент“ во Виена, изјави дека е апсурдно да се игра лекар и да се обиде да се поправи нешто.

Ни јужниот дел на Италија не е зрел за ЕУ, но сепак е во Унијата. Нам итно ни е потребен целиот Балкан во ЕУ. Сè друго би било реално неправедно- истакна шефот на виенскиот институт IDM.

Бусек рече дека многу инструменти на ЕУ се застарени, а во тоа, како што рече, спаѓа и ротирачкото претседателство.

-Не сум сигурен колку е тоа корисно- истакна тој.

На собирот, научниот соработник на IDM, Силвија Наџиван го претстави документот „Јасни визии и итни мерки што може да се реализираат“.

Овој документ го нагласува, пред сè, големиот проблем со заминувањето на населението од Западен Балкан.

Таа, исто така, истакна дека е неопходно и зголемување на дејствувањето против, како што ги нарече, „стабилократите“ односно авторитарните владетели со ориентација кон раководство на рускиот претседател, Владимир Путин.