Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со земјите-членки на ЕУ за реадмисија на мигрантите кои во тие земји пристигнале преку бугарска територија.
Според сегашната пракса во ЕУ, мигрантите би требало да бидат вратени во земјите од каде прв пат влегле во ЕУ и таму да побараат азил, меѓутоа ваквата пракса сѐ уште не заживеа.
Бугарија, која својата граница со Турција ја зајакна поставувајќи бодликава ограда за да не стане нова мигрантска капија за ЕУ, сега се согласува со затворање на сите надворешни граници со Европската Унија и изградба на мигрантски кампови во Либија и Турција.