Бугарија испратила протесна нота до Франција заради изјава на претседателот Емануел Макрон, а француската амбасадорка во Софија за утре е повикана во бугарското министерство за надворешни работи на разговор.
Макрон во интервју за „Актуелни вредности“ кој важи за десничарски весник, објавено вчера, рече дека повеќе ги сака илегалните мигранти од Гвинеја и Брегон на Слоновата коска отколку „бандите од Украина и Бугарија“.
Откако реагираше јавноста, од Кабинетот на премиерот Борисов соопштија дека францускиот претседател Макрон му се навил на бугарскиот рпемиер за да му каже дека не бил правилно пренесен.
– Францускиот претседател ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на „Фејсбук“, дополнувајќи дека бил контактиран од Макрон и уверен дека информациите од интервјуто не соодветствуваат со вистината.
– Претседателот Макрон ја потврди поддршката за Бугарија. Како премиер на Бугарија, нема да дозволам никој да го навреди нашиот народ и се надевам дека во иднина нема да дојде до вакви ситуации “, пишува Борисов.
.