Бугарската влада воведува часови за пазарување само за возрасни лица како мерка против ширењето на корона вирусот.
-Мерката е по препорака на Националниот оперативен штаб, изјави премиерот Бојко Борисов при посета на заводот за Интендантски услиги во Калофер.
Притоа, Борисов го дадее следното објаснување:
-Да направиме продавниците наутро, на пример, од пет до осум часот, да работат само за возрасни лица. Тогаш да излегуваат и да се враќаат дома.
Премиерот Борисов исто наредил екипи на полицијата и на здравствени инспектори да ги проверуваат парковите и градинките и да ги предупредуваат луѓето да не се собираат. На полицијата и е дадено право да проверува кој каде оди со приватните автомобили.