Регион 14. април 2018. / 21:03

Бугарија во жалост

Бугарија во жалост

Денешниот ден во Бугарија беше прогласен за ден на жалост, поради тешката катастрофа на автопатот во близина на Софија, каде во сообраќајна несреќа животот го загубија шест лица, а над 20 беа повредени.

Владата изрази сочувство до роднините на загинатите, а националните знамиња беа спуштени на половина копје.До несреќата дојде кога автобус на редовна линија се судри со автомобил од марката „рено“.

Автобусот се движел прописно со брзина не поголема од 95-96 километри на час, кога лесниот автомобил, кој го престигнал, го удрил од страна, по што автобусот се превртел.