Најмалку две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа рано утринава на автопат во Бугарија. Повеќе лица се повредени.
Се судрија најмалку 15 камиони кои патувале од Турција кон Западна Европа. Несреќата се случи кај градот Харманли на југоистокот на Бугарија.
Според локалните медиуми, во регионот на Харманли имало густа магла, и најверојатно еден од возачите нагло сопрел по што останатите се забиле во него. Материјалната штета е огромна.