Регион 09. јануари 2020. / 10:36

Бугарија свика состанок на Советот за национална безбедност поради ситуацијата во Иран

Бугарија свика состанок на Советот за национална безбедност поради ситуацијата во Иран

Претседателот на Бугарија, Румен Радев свика за состанок на Советодавниот совет за национална безбедност поради конфликтот меѓу Иран и САД.

Тема на средбата е „Можни ризици и закани по националната безбедност во контекст на сложената безбедносна ситуација на Блискиот исток“.

Претставниците на извршната, законодавната и спец-службите се очекува да излезат со заеднички став на Бугарија. Премиерот Борисов вчера рече дека само мирот може да ги реши проблемите на Блискиот исток.